Тимоние: Одговорноста за недобивање датум е кај државите кои дале нереални ветувања за Македонија и Албанија

Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние на денешната прес- конференција одговорноста за недобивање датум ја насочи кон државите кои давале нереални ветувања како за Македонија така и Албанија.

Тој истакна дека Преспанскиот договор е можеби предуслов, но европската агнеда е друго прашање, овој став на француската страна бил пренесен како на грчките така и на македонските соговорници. Истакнувајќи дека преместување на критериумите е повеќе маркетинг,  и дека тој го разбира разочарувањето.

„Од објективна проценка на агенда се премина на награда за постигнат договор, и така од фундаменталните аспекти се најдовме со прашања од геополитичка гледна точка. Тоа не беше француската гледна точка. Преспанскиот договор можеби е предуслов, но европската агенда е друго прашање. Тоа беше секогаш јасно кај француската страна и таа беше пренесена кај грчките и македонските соговорници. Не значи дека тоа не е важно, но имаше чудно преместување на критериумите кое повеќе беше маркетинг, можам да ги разберам емоциите, можам да го почувствувам разочарувањето, но ова се политички разговори за иднината на ЕУ“, рече Тимоние.

Според него, претседателот на Франција, Емануел Макрон јасно кажал дека има поразлична анализа од другите земји-членки на ЕУ.

„Претседателот Макрон јасно кажа дека има сопствена анализа поразлична од другите партнери, но сепак работите не се како што беа презентирани, тие беа презентирани тука како француско вето. Имаше сложена дискусија, и тоа беше кажано и во рамки на состанокот на министрите за надворешни работи, нашата министерка направи извештај, имаше различни толкувања за Северна Македонија и Албанија, дали да се одвојат или не, но тие толкувања завршија преку француско-германски предлог, кој не беше прифатен од страна на другите партнери. Јас жалам што тој предлог не успеа и се случи одлуката да се навратиме на прашањето на самитот во Загреб. Морам да признаам дека се отвара прашањето за нашето сопствено функционирање, а за функционирањето на Унијата ќе мора да се разговара внатре. Мора да видиме што точно значи проширувањето“, вели Тимоние.

Повеќе на А1он.

- Реклама -