Македонија меѓу првите три места како дестинација за 2020 година според LONELY PLANET

На листата на топ туристички дестинации за 2020 година што ја состави компанијата Lonely Planet од Австралија помеѓу првите три места се најде и нашата земја.

Како препораки за земјата се наведуваат природата, гастрономијата и античката традиција.Таа изобилува со дотраени и напуштени цркви, живописни планински села и историски докази за безбројните освојувачки империи.

„Земјата е веќе позната по вкусната традиционална храна, по преубавите пејзажи и природа и античката традиција. Изговор плус за посета на зависниците од адреналин и култура за наредната година треба да бидат новите авио-конекции до Охрид и Охридското езеро што е под заштита на УНЕСКО и 495 километарската шарпланинска патека“, стои во описот.

Повеќе ТУКА.

- Реклама -