Техничката влада по Пржинскиот модел ќе се формира на 3 јануари а кон средината на февруари ќе се распушти Парламентот. Претседателите на партиите усогласени во ставовите на лидерската средба – евроинтергациите мора да продолжат и избори мора да има
СКОПЈЕ- 12 април 2020 година е датумот на кој ќе се одржат предвремените парламентарни избори, договорија претседателите на партиите на денешната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски. Во игра биле неколку термини почнувајќи од декември да се до 12 април за која сите се сложиле дека е најприфатлив. Клучно во калкулациите било и членството во НАТО, однонсо ратификацијата бидејќи според предвиденото темпо процедурата би завршила некаде кон крајот на годината и тогаш македонскиот Парламент, како последен би требало да го ратификува членството во Алијансата а за го стори тоа мора да биде функционален и не смее да се распушти.
Претседателот Пендаровски, во изјавата дадена на пазуата од лидерската средба соопшти дека има консензус меѓу сите присутни околу одрѓувањето на изборите, што неколлу часа подоцна се потврди. Сите присутни во изјавите даде по средбата ја нагласија потребата од избори и најавија победи.
Премиерот Заев кажа дека првиот предлог бил брзи избори во декември но на тоа се противставила опозицијата.
„ Нашиот предлог беше 22 или 29 декември да одиме веднаш на избори, заради тоа што на тој начин брзо, во еден период кога не се случува нешто драматично, би можеле да го завршиме избирачкиот процес. Најголемата опозициска партија коментираше дека во таков случај нема 100 дена Влада.Постигнавме консензус за 12 април. Нека им е со среќа на сите граѓани, нека е со среќа на нашата земја, верувам дека на 12-ти април граѓаните мудро ќе донесат одлука, на којашто одлука ќе го трасираат патот по којшто ние политичарите, којшто ќе добиеме поддршка од граѓаните ќе ја водиме нашата земја и нашиот народ“, рече премиерот Заев.
Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицоски, е уверен во победа во април.
„ Практично поразени се арамилукот, поразени се неправдите, поразени се сите оние криминални афери коишто се случуваат во изминатиот период . Следуваат предвремени парламентарни избори. На тие предвремени парламентарни избори победува обновата на Македонија, а потоа засукување на ракави и безкомппромисна работа секој ден за да можеме да го постигнеме сето она коешто е изгубено во овој период и Македонија да ја ставиме на брза лента за да стане дел од европското семејство“, рече Мицкоски.
За ДУИ пак најбитно е изборите да бидат фер и демократски.
„ Сите политички партии се определија дека наша опција е ЕУ. И позиција и опозиција порачаа да не го загрозат нашиот европски пат. Разговаравме за најдобриот можен момент за предвремени парламентарни избори. Оценивме да почекаме да се ратификува протоколот за членство во НАТО. Важно е изборите да се демократски и да победи најдобриот“, рече претседателот на партијата, Али Ахмети.
За лидерот на Алијанса, Зијадин Сеља, предвремените избори се можност за да се донесе промена и да се врати демократијата, додека Касами од „БЕСА“ кажа дека на изборите народот ќе одлучи по кој пат ќе се движи државата.
Она што е јасно е дека техничката влада по „Пржински модел“ ќе се формира на 3 јануари 2020 година, 100 дена пред изборите. Тоа значи дека премиерот Заев ќе ја напушти функцијата и ќе се именува наследник чија клучна задача ќе биде да ги организира и спроведе изборите. Според т.н „Пржински модел“ опозицијата ќе именува министри за внатрешни работи и труд и социјална политика и неколку заменици. Токму затоа и најмногу се лицитира со името на Оливер Спасовки како наследник на Заев, но засега нема никаква официјлна потрвда. Мицкоски кажа дека допрва ќе се одлучува кого неговата партија ќе номинира за функциноери во идната техничка Влада.
Парламентот ќе се распушти на 13 февруари, 60 дена пред почетокот на изборите.
На лидерската средба се дискутираше и околу несупехот на самитот во Брисел а како што истакнаа сите присутни лидери и претседателот Пендаровски и по ова прашање имало консензус а тоа е дека нема друга алтернатива освеневро-атлански интеграции.