Ќе им се подобреше ли животот на граѓаните ако им испратевме ЕУ прашалник

Доколку размислиме трезвено и без емоции, можеби и ќе најдеме оправдување за постапката на Францускиот претседател Макрон, особено по неговата последна изјава.

Францускиот претседател Емануел Макрон на денешната прес-конференција по европскиот самит во Брисел, зборуваше за одлуката да го блокада процесот за почнување преговори за влез во ЕУ со Македонија и Албанија.

Тој смета дека не се инвестира доволно во земјите соседи на ЕУ и дека отпочнување на преговори не значи ништо за државите и нивните граѓани, бидејќи тие преговори може да траат и по 5 или 10 години и повторно да предизвикаат фрустрација кај земјите со кои се преговара.

-Ќе испратевме прашалник на 60 страници, но мислите дека тоа ќе им го подобри животот на нивните граѓани ? Ни тгребаат економски, образовни, културни и лингвистички инвестиции. Треба да им помогнеме дирекно, ане само да зборуваме за отворање на преговори – рече Макрон.

- Реклама -