Овие оптички илузии се толку неверојатни што никој не верува дека не е вклучен фотошоп (ФОТО)

Овие фотографии се толку неверојатни што малкумина веруваат дека не се создадени со фотошоп.

Колекцијата составена од „Bored Panda“ ги прикажува скоро совршените моменти што луѓето ги фотографирале низ целиот свет со своите фотоапарати.

Оптичките илузии кои ги оставија луѓето без здив на Интернет вклучуваат вода во форма на слон, половина зајдисонце и орел како прави селфи.

Во галеријата ќе можете да видите фотографии снимени во совршен тајминг фатени од страна на фотографите:

Еден татко го сликал својот син како се качува на карпа но, изгледа како детето да е голем џин искачен на огромна планина.

Поради облаците што се прелеваат и ја преобразуваат светлината, на оваа фотографија се чини дека сонцето заоѓа само на половина од небото.

Еден маж видел орел низ прозорецот од облакодер и морал да го фотографира. Поради совршено фатениот интензитет и одраз на стаклото, изгледа како орелот сам да си прави селфи.

Еден корисник на „Редит“ ја споделил совојата фотографија на која што успеал да фотографира виножито веднаш над Месечината во моментот додека Сонцето заоѓа, а целата сцена делува како огромна планета да се приближува кон Земјата.

Една девојка го фотографирала својот дечкно, но подоцна приметила дека погледот од нејзиниот прозорец во спалната соба на дрвјата делуваат како во истиот момент да се менуваат сите четири годишни времиња.

Слон фотографиран додека се капел, точно во момент кога ја отфрла вишокот вода од себе, фотографиран во момент како со отфлената вода да прави реплика од самиот себе.

 

 

 

- Реклама -