Home 365 Денес Како пукнa првата пушкa во Прилеп: Ретроспектива на случувањата од 1941 година

Како пукнa првата пушкa во Прилеп: Ретроспектива на случувањата од 1941 година

0
Како пукнa првата пушкa во Прилеп: Ретроспектива на случувањата од 1941 година

11 Октомври е најзначајниот датум во македонската историја и тоа треба така да остане, вели 90-годишниот Трајко Стаматовски – истакнат лингвист и претседател на Сојузот на борци на Скопје, кој учествувал во Народноослободителната борба, за „Радио слободна Европа“. Како продолжување на слободарските традиции на македонскиот народ (проникнати во Карпошовото, Разловечкото, Кресненското и во Илинденското востание) и како востание кое завршило со успех, 11 Октомври е еден од најсветлите датуми во македонската историја, смета Стаматовски. Без ослободителното народно движење немаше да постои Македонија и тоа е моментот што му ја донесе слободата на македонскиот народ, истакнува тој.

Со оглед на посебната важност на 11 Октомври за историјата на Прилеп и Македонија, порталот „Маркукуле“ направи ретроспектива на настаните од пред 78 години со кои започна четиригодишната војна против нацистичките окупатори. Причината за кревањето на македонскиот народ беше неподносливата агpecија која ја вршел бугарскиот окyпатop.

Вечерта на 11 Октомври, во месноста Црвени Стени, на зборното место се собрал партизанскиот одред. Првата чета, поради задоцнетото известување, задоцнила на зборното место на партизанскиот одред, поради што не била вклучена во акцијата за Прилеп. Од присутниот состав на одредот се извршил избор меѓу доброволно пријавените партизани за учевство во нaпaдoт на Прилеп.

Одредот во кој биле славните прилепски херои Трајко Тарцан, Мице Козар, Ордан Чопела, Димо Димоски-Нередникот, Оцка Михајлоски и многу други, потоа заминал кон Маркови Кули. Притоа била извршена поделба на задачите и бил формиран конечниот состав на ударните групи.

За нaпaдoт на полицискиот Участок биле задолжени: Аспарух Јосифоски, командир, Душко Наумоски, Блаже Спиркоски, Милан Димоски и Драган Спиркоски. За затворот биле задолжени: Никола Попоски, командир, Мице Козар, Пецо Крстески, Јонче Јанески, Благоја Корубин и Душан Ристески. За акцијата за оштетување на телефонската мрежа биле задолжени: Мице Димески, командир, Крсте Црвенкоски, Коле Чашуле, Киро Ќосески и Киро Базеркоски.

Секоја од групите имала своја стратегија на дејствување. Акцијата за нaпaд на полицискиот участок требало да ја започне Душко Наумоски, кој требало да пyкa во стражарот пред станицата, со што би дал знак на другите групи да се вклучат во нaпaдoт. Целиот текст прочитајте го ТУКА.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here