Сликата на Banksy со шимпанза во британскиот парламент продадена за рекордна сума

Цена од над 12 милиони долари достигна сликата „Devolved Parliament“ на Бенкси (Banksy) – светски познатиот уметник и графити-артист кој својот идентитет го држи во тајност, со што стана неговото најскапо продадено дело.

На Инстаграм Бенкси сподели и коментар од уметнички критичар, кој констатира дека денес „работата“ на сликите им е да висат на ѕид и да им расте цената, за потоа да можат да ги гледа само тој што може да си дозволи, а не сите.

Сликата „Дееволуиран парламент“, на која британските пратеници се „заменети“ со шимпанза, е воедно и најголемата слика на платно на Бенкси, со димензии од 4 метри. Иако е насликана во 2009-та, многумина, посебно Британците, ја поврзуваат и со денешната состојба, конкретно со Брегзит и обидите во британскиот парламент да се најде договор.

 

- Реклама -