Грета Тунберг до светските лидери, во име на младите генерации: Ми го украдовте детството, ама нема да се извлечете!

16-годишната икона на климатскиот активизам – Швеѓанката Грета Тунберг, во обраќањето на Климатскиот самит на Обединетите нации, повторно ги подбра гaзoвите на светските лидери, гневно порачувајќи им дека црвената линија е повлечена, дека очите на младите генерации се вперени во нив и дека ако не делуваат, нема да поминат неказнети. Во продолжение целиот транскрипт од говорот на Тунберг. Сѐ помалку од тоа би било неправда:

„Мојата порака е дека ве гледаме, одблизу“, започна тинејџерката која ги инспирираше координираните климатски протести ширум светот.

„Ова е сѐ погрешно. Јас не треба да сум овде. Треба да сум во школо на другата страна на океанот. А сепак, вие доаѓате кај нас младите луѓе по надеж. Како се осмелувате!

Ми ги украдовте моите сништа и моето детство со вашите празни зборови. А сепак, јас сум меѓу среќните. Луѓе стpaдаат. Луѓе yмиpaaт. Цели екосистеми колабираат. Се наоѓаме на почетокот на масовно истребување, а сѐ за што вие зборувате се пари и бајки за вечен економски раст. Како се осмелувате!

Повеќе од 30 години науката е кристално јасна. Како се осмелувате да продолжувате да гледате во другиот правец и да доаѓате овде да зборувате дека правите доволно, кога потребните политики и решенија ги нема никаде на повидок.

Велите дека нѐ слушате и дека ја разбирате итноста. Но, без оглед колку и да сум тажна и лута, не сакам да верувам во тоа. Зашто ако навистина ја разбиравте ситуацијата и упорно продолжувате да не успевате да делувате, тогаш вие сте зло. А во тоа одбивам да верувам.

Популарната идеја на преполовување на штетните емисии за 50% за 10 години, нам ни остава само 50% шанса да останеме под границата од глобално загревање од 1.5 Целзиусови степени и исто толку ризик од започнување на неповратна ланчана реакција вон човечка контрола.

50% може да  е прифатливо за вас. Но тие бројки не вклучуваат пресвртни точки, фидбек, дополнително ‘скриено’ загревање од аерозагадувањето, или аспектите на еднаквост и климатска правда. Тие исто така се потпираат на очекувањето дека мојата генерација ќе исцица стотици милијарди тони од вашиот CO2 од воздухот, со технологии кои одвај и да постојат. Е па, 50% ризик едноставно не е прифатлив за нас, за ние кои ќе треба да живееме со последиците.

За да е теоретски достижна шансата од 67% да се остане под границата од 1.5 степен глобален пораст на температурата (најдобрата максимална шанса според проценките на Меѓувладиниот панел за климатски промени), светот на 1 јануари 2018-та имаше простор да емитува уште 420 гигатони CO2, До денес, таа бројка е веќе намалена на помалку од 350 гигатони.

Како се осмелувате да се преправате дека ова може да биде решено со само ‘бизнис, како и обично’ и некакви технолошки решенија? Со денешните нивоа на емисии, тој преостанат CO2 буџет целосно ќе исчезне за само помалку од 8 и пол години.

Никакви решенија и планови во согласност со овие бројки нема да бидат презентирани овде денес, бидејќи овие бројки се премногу незгодни. А вие сѐ уште не сте доволно зрели за да ги кажете нештата какви што се.

Вие нѐ изневерувате. Но младите луѓе почнуваат да го сфаќаат вашето предавство. Очите на сите идни генерации се вперени во вас. И ако изберете да нѐ изневерите, ви велам: Никогаш нема да ви простиме.

Нема да ви дозволиме да се извлечето со ова. Токму овде и токму сега ја повлекуваме линијата. Овој свет се буди. И промените доаѓаат, сакале вие или не“, им порача Тунберг.

- Реклама -