Приведен полицаец од с. Јанче: Холанѓанец му дал смешна сума мито, па го пријавил

Полициски службеници на СВР Тетово од Полициската станица Гостивар, вчера околу 13 часот го лишиле од слобода колегата А.Б. (50) од долнореканското село Јанче – полициски службеник во Полициската станица за граничен премин и гранична надзор Стрезимир. Поради основано сомнение дека ја злоупотребил службената положба и овластување, Основното јавно обвинителство Гостивар започнало постапка против полицаецот.

Тој бил пријавен од 61-годишен холандски државјанин со иницијали П.В.Н., кој на 21 септември околу 16:20 часот се движел на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар со возило „КИА“ со охридски регистарски ознаки. А.Б. го сопрел П.В.Н. и му побарал мито од 50 евра за да не му напише казна за наводниот сообраќаен прекршок. Возачот, меѓутоа, понудил 20 евра, кои полицаецот ги прифатил, а потоа продолжил и случајот го пријавил во полициска станица.

Поради сомнение дека осомничениот ќе го повтори делото, надлежниот јавен обвинител побарал на полицаецот да му биде определена мерка притвор.

- Реклама -