Добра вест за оние кои се близу до пензија: Ќе работат помалку, а за истата плата

Со новиот Закон за работни односи, кој е планирано да биде донесен годинава, ќе се овозможи намалување на работното време за повозрасните работници, пренесува „Локално.мк“.

Според информациите, во изготвувањето на Законот во Министерството за труд и социјална политика се работи на тоа да се овозможи жените работнички со навршени 60 години и мажите работници со навршени 62 години да работат со „скратено“ работно време од 6 часа. Притоа овие работници ќе ја задржат целата плата, без намалување, сѐ до пензионирањето.

Освен тоа, има информации и дека во Законот за работни односи ќе биде воведена можност државата да субвенционира ангажирање на млади кадри кои ќе ги заменуваат работниците со навршени 62 односно 60 години во преостанатите два часа од работното време.

ДОПОЛНЕТО: Министерката Мила Царовска ја демантираше веста. Се работи за дезинформација, истакна таа.

- Реклама -