Јовески им го врати „Монcтpум“ на Фетаи и Бубевски

Случајот „Монструм“ останува во рацете на обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. Од Јавното обвинителство на РСМ потврдуваат дека републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески ги овластил досегашните обвинители да продолжат да го застапуваат случајот за петкратното yбиcтво кај Смилковско Езеро.

Судењето продолжува уште утре, со тоа што Фетаи и Бубевски сега ќе го застапуваат Основното јавно обвинителство Скопје, откако вчера Советот на јавни обвинители им го констатираше крајот на мандатите во Специјалното јавно обвинителство и ги распредели во матичните обвинителства.

Со овој потег, Јовески ги потврди најавите дека можно е предметите да бидат вратени кај истите обвинители кои и досега ги воделе, како и дека приоритет при распределувањето на предметите преземени од СЈО ќе им се даде на оние предмети за кои веќе се води судска постапка, за да нема одложувања.

- Реклама -