Миленко Неделковски, како и на многу други теми, вклучително и на формата на планетава, има своја теорија и за моменталната локација на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Според него, таа не се наоѓа во притвор во Шутка, а таквиот заклучок Миленко го темели на „стотици аргументи“, меѓу кои и тоа дека едно од писмата од Јанева наводно било пишувано делумно на компјутер, а потоа допишано со рака – информација што во дебата на „Телма“ ја соопшти професорот по кривично право Гордан Калајџиев, а вчера беше демантирана од републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески (ТУКА).
Миленко, на Фејсбук, пишува:
„Одговорот на сите ‘дилеми’ како е можно Прасица да праќа наредби, да пишува на компјутер, да испраќа писма, да публикува желби е – ТАА НЕ Е ВО ШУТКА. Меѓу стотиците аргументи зошто е тоа така, еве три:
1. Државниот (народниот) службеник Еско не му понуди на народот доказ дека е таа во притвор.
2. Ниту еден новинар не се сети да препраша било кој поранешен директор на Шутка да каже дали постои “посебно одделение”, бидејки Есад Рахиќ изјави: “Јанева не е во женското одделение, таа е во посебен оддел поради безбедносна проценка на затворската управа”!!! Во кој дел од затворот Шутка е тој оддел, кој е бројот на собата, кога тој оддел е изграден, кој друг притвореник бил било когаш во тој оддел…?
3. Како безбедносната проценка за Чавков не беше таква, а тој секако имаше далеку поризична служба од Прасица. Па така, да повторам ТАА НЕ Е ВО ШУТКА. Шутка, заради Прасица е отворена како школка.