Тамара ја згреши случајно, за пред Ципрас немаше време, но за химната нема место и во наставната програма?

Тамара намерно ја згреши химната и „Денес над Македонија“ намерно не беше интонирана при посетата на Ципрас, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош – Тони Јаревски, како потврда посочувајќи ја новата наставна програма по музичко образование за шесто одделение, во која нема место за химната.

Според Јаревски, се работи за „уште еден чин од процесот на демонтажа на Македонија, македонскиот јазик, идентитет и код“.

„Во новата програма химната е отстранета и наместо химната, Власта смета дека поважно за ќерка ми (да, и моето дете е 6то одд) е да ја научи и пее Dzelem, Dzelem и албанската Shtatori“, пишува Јаревски на Фејсбук.

Покрај фотографиите од старата и новата наставна програма, Јаревски споделува и принтскрин од вест објавена на „ТВ21“ во мај годинава, каде, од една страна, доста јасно е објаснета потребата од песни во оригинална верзија на различните етнички заедници, но од друга, сосема бледо е објаснета причината за исфрлање на химната од наставната програма – „бидејќи програмата е изработена во периодот по уставните измени“, вели Анкица Витанова, од Бирото за развој на образованието, во тој разговор со „ТВ21“.

Инаку, во Преспанскиот договор никаде не е наложена промена на химната, а и Владата на РСМ беше децидна дека химната ниту во еден момент не претставувала, ниту ќе претставува проблем.

- Реклама -