Кирацовски: Слика со Боки 13 ве прави peкетap колку слика со Мицкоски што ве прави ко-сопственик на хидроцентрала

Македонија е мало место каде сите помалку или повеќе се познаваат, а тој никогаш ниту криел, ниту се срамел од некое свое пријателство, вели Александар Кирацовски во разговор со „Фокус“, откако вчера даваше исказ во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“.

Дека дружбата и заедничките фотографии со Боки 13, кои последниов период интензивно се вртат по медиумите и друштвените мрежи, не значат дека фотографираните по дифолт се coучecници или воопшто учесници во активностите на тоа лице, Кирацовски доловува преку следниов пример:

„Ниту слика со Христијан Мицкоски ве прави ко-сопственик на неговите хидроцентарали, ниту слика со Боки соучесник во неговите активности“. „Намалете пaникa!“, порачува тој.

Кирацовски се обрати и вчера преку Фејсбук, изразувајќи надеж дека по неговиот исказ во Обвинителството ќе завршат лaжнитe вести кои, како што вели, досега нанесоа штeтa на нeдoлжни личности и истрагата ја одведоа во погрешен правец, барем за момент. Тој порача и дека ќе преовладаат фактите и вистината, како и дека целосно се става на располагање на надлежните институции, на кои верува дека им помогнал во истрагата, а со цел да резултира со правда и кaзнa за секој што згрешил пред законот (за целиот пост, кликнете подоле на „See more“).

- Реклама -