Адвокатот на Јанева ја откачил три дена по приведувањето

Адвокатот Стеван Павлески ѝ го откажал полномошното на третоосомничената во случајот „Рекет“ – Катица Јанева, и нема да биде нејзин адвокат, објави „НОВА“.

Во разговор со порталот, Павлески открива дека ја известил Јанева дека нема да може да ја застапува уште три дена по приведувањето. Таквата одлука ја донел откако по приведувањето на Јанева, обвинителката Вилма Русковска побарала од него да одбере дали ќе ја застапува Јанева или ќе продолжи да ги застапува клиентите обвинети во случаите на СЈО.

Павлески „крена прав“ во јавноста бидејќи се појави во друштво на специјалната јавна обвинителка кога таа требаше да дава исказ во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а потоа и која ја тапкаше по рамо потсетувајќи ја дека не е на распит додека даваше изјава за новинарите. Причината за реакциите околу Павлески лежеше во тоа што Јанева беше првата која наводно во улога на сведок отиде на распит за „Рекет“ со адвокат, но уште повеќе поради тоа што Павлески е адвокат и на сопственикот на „Пелистерка“ – Цветан Панделески, обвинет во „Империја“, но и на Љупчо Георгиевски во „Траекторија“ – и двата случаи на СЈО, значи покренати со амин токму од специјалната јавна обвинителка. За причината зошто Павлески ги избрал нив, а не Јанева, прочитајте ТУКА.

 

- Реклама -