МТСП: Следниот понеделник е неработен за сите граѓани на Република Северна Македонија

Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека согласно Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), следниот понеделник (9-ти септември), е неработен за сите граѓани. Согласно законот, неработниот ден за празникот 8-ми септември – Ден на независноста, бидејќи паѓа во недела, се поместува за понеделник.

Во соопштението, Министерството за труд и социјална политика воедно на граѓаните во Република Северна Македонија и им го честита Денот на независноста.

 

Следниот продолжен викенд нè очекува на 11 октомври – Денот на народното востание, кој паѓа во петок.

- Реклама -