„Тие што зaгинaa не се враќаат, но за живите секогаш може и треба да се бара решение“, порачал поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај во изјава за „Кохавизион“, по што побарал припадниците на таканаречената „Кумановска група“ да бидат есктрадирани од Македонија во Косово и остатокот од казната да го одлежат во косовските затвори.
„Доколку има правосилна пресуда, ќе побараме тие да ја одлежат казната во Косово. Ние ќе гарантираме“, рекол Харадинај.
Од 37 обвинети за настаните кај Диво Насеље, четири лица добија ослободителна пресуда. Останатите 33 добија вкупно 746 години затвор. Во Диво Насеље зaгинaa 8 полицајци, а повpeдени беа 37.