Ивор Мицковски: Се зaкaнувaaт со тужби како најголеми плачковци, и тоa пред вмровски медиуми

Фејсбук статус на Ивор Мицковски

„Завидлизам и Ал(и)чност

Ние сме криви, ние сме ситни душички, ние немаме осет за историјата и големината на овие двајца спасители. Мрчатори им се криви, новинари им се криви, па новинари немало, па имало ама само суетни, плус некој педep и криминалец.

Направија Акционен план и Оперативен тим, па институциите и понатаму им се вмровска/сдсмовска/дуи збирштина која работи против државата. Државата работи против државата. Партијата ја присвојува државата. Мислам сте заборавиле кој е чекичот, а кој наковалната во целата приказна, па цело време ја правите владата некаква си жртва, веќе не знам, на 10-та во серија специјална војна. Сега ќе тужат како најголеми плачковци. Еј, плачковци пред вмровски медиуми.

Ве прават мајмуни зошто оставивте сите партиски мајмуни да прават што сакаат. Ама пак кога истото го правите, кога Миленковци и вас ви станаа ударни пера и само водите хајки, тогаш океј ви е. Ама кога вашата мизерна пропагадна ќе потфрли пред гомнарските експерти на ВМРО, тогаш сакате да плачете, наместо да ги средевте нештата.

Алоо, имате епски криминал пред очи, историска политичка одговорност за вашите смешни и лигави, без усул елити, за вашите политички поддржани рекетари, за вашите силеџии и насилници. Наместо да направевте малце ред во нередот, станавте дел од нередот. Паника, нервоза, нечиста совест, завидлизам или Ал(и)чност. По нешто од сите овие работи ве мачат“.

- Реклама -