Катица Јанева е во шок и во лоша здравствена состојба

Фото: Игор Бансколиев / Нова Македонија

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е во лоша здравствена состојба, објави порталот „Скопје1.мк“ повикувајќи се на сопствени извори. Според нив, Јанева во континуитет прима антидепресиви за смирување, има проблеми со крвниот притисок, а била и кај затворскиот доктор на преглед.

Лошата здравствена состојба на Јанева беше евидентна и изминативе денови, кога ѝ се слоши по испрашувањето во судот, кога ѝ беше одреден 30-дневен притвор, како и кога се пожалила на здравјето кога со полициско возило беше однесена во Гевгелија, на погpeбот на нејзината мајка.

Порано денеска и „Слободен печат“ објави дека Јанева сè уште е во шок, како од приведувањето, така и до зaгyбaтa на својата мајка. Од затворската управа велат дека постапуваат по правилата и ги земаат во предвид сите околности, па затоа Јанева е сместена во соба со само една цимерка.

- Реклама -