Акција во Чаир: Чешелот на УЈП пројде по Пластичарска

Голема акција денеска попладне спроведе Управата за јавни приходи на таканаречената Пластичарска улица во Чаир, објавија медиумите.

Инспектори од УЈП вршеле редовна контрола, постапувајќи по пријава на граѓани за неиздавање фискални сметки во продавниците долж улицата.

Како што соопшти УЈП, контролите на Пластичарска поминале без отпор од стопанствениците.

Дел од медиумите пријавите од граѓаните за неиздавање фискални сметки на Пластичарска ги поврзуваат со воведување на мерката „Поврат на ДДВ“, која не само што ги враќа парите кај граѓаните, како што милуваат да речат од Владата, туку и ги претвори во ажурни инспектори против сивата економија.

Од УЈП, патем, велат дека досега извршиле контроли и во Дебар, Кичево, Охрид, Куманово, Дојран и други градови.

- Реклама -