Холандија, ниската зелена земја која секоја година ја посетуваат илјадници луѓе, и фасцинирани од нејзината убавина мечтаат за денот кога повторно ќе ја посетат. Но имаат и зашто. Во текстот подолу ви прикажуваме 30 причини за да се заљубите во Холандија:
1. Има површина од 42.000 километри квадаратни и вкупно 17 милиони жители.
2. Амстердам е главниот град на Холандија, но Хаг е седиштето на Владата.
3. Холандија има речиси 1.000 музеи, 42 музеи се наоѓаат во самиот Амстердам.
4. Амстердам има 1.281 мост.
5. Со 487 жители по квадратен километар, Холандија има најголема густина на населеност во Европа.
6. Холандија има најмалку 15.000 километри велосипедски стази. Годишно се продаваат милион нови велосипеди.
7. Холандија беше една од земјите основачи на Европската унија.
8. Со само 0,008% површина од светот, Холандија е трета по големина земја, извозник на земјоделски производи.
9. Една чевтрина од Холандија е под нивото на морето.
10. Делови од Холандија, како што се провинцијата Феловоланд, настанале со исушување на делови од морето и се нарекуваат полдери.
11. Околу петина од територијата на Холандија е под вода, од што најголем дел представува езерото Ејселмер.
12. Езерото Ејселмер е остаток од некогашниот залив на Северното море, кое во 1932. година е одвоено со насип долг 29 километри.
13. Доколку при глобално затоплување дојде до пораст на нивото на морето, Амстердам ќе биде еден од првите поплавени градови бидејќи се наоѓа под нивото на морето. Најниската точка на Амстердам лежи на 6.7 метри под нивото на морето.
14. Холандија и понатаму има околу 1.000 функционални традиционални млинови-ветерници.
15. Холанѓаните се највисоки луѓе во Европа, со просечна висина од 1,81 метар за мажите и 1,68 метри за жените.
16. Околу 30% од сите холандски бебиња се раѓаат дома.
17. Холандија е прилично рамна земја. Валсерберг е највисоката точка во Холандија, со висина од само 322,7 метри.
18. Постојат преку 16 милиони велосипеди во употреба, речиси по еден за секој граѓанин.
19. Холандија е најгусто населена земја во Европа.
20. Во Холандија живеат 180 националности – најмногу на светот.
21. “Giethoorn” е село во Холандија, но и туристичка атракција позната како село без патишта. “Giethoorn” беше познат и како Холандската Венеција, бидејќи целокупниот сообраќај се извршува по водени патишта, канали.
22. Лалето, сега националениот цвет на Холандија е увезен од Турција, а сега целата земја е покриена со истиот.
23. Во Алсмер се наоѓа најголемата берза за цвеќиња на свтот. Се простира на милион метри квадратни.
24. Во Холандија се одгледуваат повеќе од 800 вида на лалиња.
25. Најпродаваното сирење на светот е холандкста гауда.
26. Во Холандија е единствената фарма за камили во Европа, која произведува млеко од камила.
27. Холандија е светски лидер во Хидраулика и водено инжинерство.
28. Винсент Ван Гог (1853-1890) бил најпознатиот сликар во Холандија и еден од најпознатите во светот.
29. Проституцијата во Холандија е легална и во Австердам истата воглавно е сконцентрирана во Црвената зона.
30. Лесните дроги како што е марихуаната се легализирани во Холандија и можат да се продаваат само во лиценцирани кафулиња.