„30 прашања со…“ Петре Шилегов не помина баш како што посакуваше Петров (ВИДЕО)

Сѐ повеќе, се чини, згуснува распоредот во СДСМ. За разлика од вицепремиерката за економски прашања – Мила Царовска, техничкиот премиер – Оливер Спасовски, министерката за одбрана – Радмила Шекеринска, портпаролот на СДСМ – Костадин Костадинов и директорката на УЈП – Сања Лукаревска, кои срдечно му отстапија по неколку минути на своите работни места на потпретседателот на пapтијата – Коста Петров, за да му одговорат на 30 прашања, од минатата недела се забележуваат промени. За да го направи мини-интервјуто со министерот за информатичко општество и администрација – Дамјан Манчевски, Петров мораше, претпоставуваме поради презафатеност на министерот, да му се придружи во теретана уште во раните утрински часови, пред Манчевски да оди на работа.

Овојпат, Петров имаше уште потешка задача со скопскиот градоначалник Петре Шилегов, со кого интервјуто траеше многу пократко. Погледнете:

- Реклама -