„30 прашања со“ Манчевски, во теретана: Би го поканил Гоце Делчев на пиjaчка (ВИДЕО)

Министерот за информатичко општество и администрација – Дамјан Манчевски, е ѕвездата во новото издание на „30 прашања со“. За разлика од неговите претходници (вицепремиерката за економски прашања – Мила Царовска, техничкиот премиер – Оливер Спасовски, министерката за одбрана – Радмила Шекеринска, пpaтеникот Коста Костадинов и директорката на УЈП – Сања Лукаревска), кои на прашањата на потпретседателот на СДСМ – Коста Петров, одговараа „затекнати“ на своите работни места, Манчевски тоа го направи од теретана, и тоа во 6 часот наутро (види фото).

Како што открива во видеото, станува во 5:10 часот наутро и секој ден му почнува со вежбање. Рекорд му се истрчани 21 километар, а кога би бирал спорт, би се занимавал со кошарка.

Омилено јадење му е месо, и тоа убедливо, иако по ново два дена во неделата е веган.

Омилен лик од „Војна на ѕвездите“ му е Хан Соло, омилена серија „Симпсонови“, а омилена реплика му е „Пола за мене, пола за пчелите“ на Атиџе од „Медена земја“.

Најдобиот совет што го добил му е „Од мотика и политика бегај“. Со ова второво, вели, не се согласува, иако очигледно на тоа е производ и најлудата работа што ја прочитал за себе – дека има фирми во Грција.

Најхраброто нешто што го направил е 27 април. Историска личност која би ја поканил на пиjaчка е Гоце Делчев, иако, вели, тоа веќе му се остварило – ама со Киро Глигоров.

Одговорите на останатите прашања погледнете ги во видеото:

- Реклама -