30 години по „Чернобил“, мештаните уште јадат радиоактивна храна

30-godina-nakon-cernobiljske-katastrofe-lokalci-i-dalje-jedu-radioaktivnu-hranu-1457700360-crop_desktop

Речиси триесет години по експлозијата и топењето на реакторот во нуклеарната централа во Чернобил, жителите на контаминираните области околу местото на катастрофата и натаму се изложени на опасно високи нивоа на радијација, особено во храната што ја јадат.

Истражувачите кои се занимаваат со загадувањето на локално произведената храна и шумските производи во Украина и Русија откриле дека нивото на радиоактивните изотопи е значително повисока од дозволените граници за исхраната на луѓето, во некои случаи и до 16 пати. Овие наоди се најдоа во Гринписовиот извештај објавен минатата недела.

„Овие катастрофи траат со милениуми“, рече Шон Патрик Стенсил, аналитичар во Гринпис и коавтор на извештајот. Сè уште контаминацијата е многу повисока од дозволената вредност“.

При катастрофата во Чернобил на 26 април 1986 година, ослободена е радиоактивност 200 пати поголема од онаа за време на експлозијата на атомските бомби во Хирошима и Нагасаки, се наведува во податоците на Светската здравствена организација.

Истражувачите особено предупредуваат на нуклеарниот изотоп цезиум-137, кој растенијата лесно го апсорбираат. Високо ниво на изотопот се пронајдени во млекото, во дивите печурки, бобинките и во месото.

Од педесет примероци собрани од Ривне, регионот на 200 километри од Чернобил, „сите содржеле цезиум-137 во поголема количина од дозволената за користење кај возрасните во Украина, а исто така, значително повисока од дозволената граница за деца“, пренеле локалните медиуми. Во примероците на почвата собрани од полињата во регионот Киев, 50 километри од Чернобил, имаше нивоа на радиоактивни изотопи, кои, во некои случаи, беа повеќе од двојно поголеми од ограничувањата што важат за исхраната на луѓето.

Сушените печурки, кои во локалните шуми ги собираат и чуваат локалните семејства имале ниво на цезиум-137 над 16 пати повисока од дозволеното.

Цезиум-137 има време на полураспаѓање од 30 години, а дури по неколку века ќе се дојде до нивото што нема да претставува ризик за луѓето. Изложеноста на изотопи, посебно со варењето може да го зголеми ризикот од рак, предупредува американскиот „Центар за контрола и превенција на болести“.

„Овие изотопи циркулираат низ екосистемот на начини кои не сме ги замислувале“, објаснува Стенсил. „Ако живеете во близина на шумата, тоа е дел од вашиот живот. Овие заедници ќе треба постијано да се деконтаминират“.

Шумските пожари исто така претставуваат ризик од реконтаминацијата бидејќи кога се случуваат, во атмосферата се ослободуваат радиоактивни честички од дрвјата. Во извештајот се вели дека од 1993 – 2013 година во зоната на Чернобил избиле над 1.100 пожари.

cernobil-slonovo-stopalo-1

Економската состојба во Украина на обичните граѓани не им овозможува да избегнуваат контаминирана храна. Националната економија во 2015 е намалена за 12 проценти, соошпштено од страна на Светската банка. Проруските движења на источниот дел на земјата доплнително ги истенчија државните ресурси. Голем дел од Чернобилските програми за мерење на нивото на радиоактивното загадување беа прекинати поради финансиските причини.

„Долгорочно испитување на храната чини многу“, вели Стенсил. „Затоа многу од овие прашања се политички“.

Илјадници деца, па дури и оние кои се родени триесет години по Чернобил, секојдневно пијат радиоактивно млеко.

„Имаме контаминирано млеко и печеме свој леб кој е радиоактивен“, вели Халина Чмулевич, самохрана мајка на две деца. Таа живее 200 км. Од Чернобил и вели дека се ограничени можностите за консумирање неконтаминирана храна. „Секако дека ова ме загрижува, но што можам да правам?. Мајка ми доби рак веднаш по Чернобил и почина“.

Појава на рак на тироидната жлезда кај украинските деца изложени на радијацијата по Чернобил беше 9,7 пати поголема од оние кои не биле изложени. Работниците кои вршеле чистење на Чернобил почесто заболуваат од леукемија и рак на дојка, се наведува во извештајот.

Воспоставување на причинско-последична врска помеѓу одредени настани и зголемена инциденца на рак е многу тешко. Луѓето се постојано изложени на природни извори на радијација од храната, воздухот и сонцето меѓу другите нешта. Меѓутоа, извештајот на Светската здравствена организација наведува дека ракот на тироидата кај децата од загадените области на Украина, Белорусија и Русија „предизвикана од високите нивоа на радиоактивен јод ослободен од реакторот во Чернобил во првите денови по несреќата“.

Истражувачите признаваат дека сè уште не знаат какво влијание ќе имаат големите несреќи во иднина. „Вршиме експерименти поврзани со две големи несреќи, со цел да разбереме како радио-изотопите се движат низ животната средина со текот на времето“, објаснува Стенсил, мислејќи на Чернобил и Фукушима инцидентот кој се случи во Јапонија во 2011 година.

fotografije-posledica-najvece-nuklearne-katastrofe-na-svetu-247-1431352790

Прочитајте и: ПАРКУР ВО ЧЕРНОБИЛ, АВАНТУРА ИЛИ ЛУДИЛО?

- Реклама -