3 пијалоци кои ќе ви помогнат да го намалите обемот на струкот

Пијте што е можно повеќе течности во текот на летото и останете хидратизирани. Пробајте ги пијалоците кои ви ги препорачуваме во продолжение, и во исто време избегнете ги големите количества на шеќер и калорија.

Ладен чај од нане

Sun-tea

Нането одлично ја гасне жедта и освежува во текот на високите температури. Освен тоа, дали сте знаеле дека тоа е одличен согорувач на калориите? Оваа билка имено, е позната и како раздвижувач на метаболизмот кој помага при разредувањето на мастите во организмот. Едноставно, направете чај од нане на обичен начин, без шеќер, оладете го во фрижидер, и додадете неколку коцки мраз. На здравје!

 

„Smoothie“ од ананас

Juicy-pineapple-smoothie-recipe

Свежиот ананас го содржи ензимот бромелин, кој ефикасно ги разградува протеините од храната, помага при варењето и ја намалува подуеноста. Поради ова, конзумирањето на ананасот е и одлична состојка за оние кои сакаат да го намалат обемот на струкот. Исечкајте го свежиот ананас на коцки, смиксајте го во комбинација со јогурт и уживајте во овој прекрасен, освежителен пијалок.

 

Лимонада со свежа краставица

Не сакате да пиете обична вода, а онаа која ја купувате ви нуди вкус полн со шеќер? Пробајте го овој едноставен рецепт:

Cucumber-Lemonade-with-Basil-1

Во две литри обична вода додадете свежо исечкана краставица, исцеден сок од еден лимон, малку срендан ѓумбир и неколку листови нане. Оставете го пијалокот во фрижидер неколку часа, па послужете го со неколку коцки лед. Одлична детоксикација за вашето тело!

 

- Реклама -