Барате нешто ново во сексот? Сакате да станете поинтимни со партнерот и да ја разбудите љубовната врска? Ако одговорот е да на едно од овие прашања тогаш тантрички секс е тоа што го барате. Оваа мистична традиција со индиски корени на Западот е позната како „култ на екстазата“, односно комбинација на духовност и сексуалност.
За да ја искусите магијата на оваа древна пракса не мора да проучувате книги, туку доволно е да ги совладате следните три ритуали, а потоа да му се препуштите на повеќекратниот оргазам и секс што може да трае цела ноќ.
1. Контрола на ејакулацијата е основна вештина што мажот треба да ја совлада ако сака да практикува тантра. Наместо во текот на сексот да ејакулира на првиот врв на енергијата, како што прават повеќето мажи, може таа енергија да ја прошири по целото тело и да продолжи со сексот до следниот врв.
За да ја одложи ејакулацијата, мажот треба да го стиска мускулот што ги поврзува коренот на ‘рбетот и пубичната коска која инаку ја стиска кога сака да ја прекине потребата за мокрење. Важно е партнерите да бидат опуштени и насочени многу повеќе кон тоа да му пружат задоволство на другиот, а да не бидат фокусирани на своето задоволство.
2. За продолжување на сексуалниот однос помага и дишењето на кое во тантрата му се дава голема важност. Кога партнерите дишат усогласено, така што заедно вдишуваат или издишуваат, или едниот вдишува додека другиот издишува и обратно, расте и нивната емотивна и ментална усогласеност и близина.
Ако мажот сака да ја задржи состојбата пред доживување оргазам и да ја одложи ејакулацијата, треба да дише што подлабоко и полесно, замислувајќи притоа како сексуалната енергија се шири по целото тело или како од половиот орган низ ‘рбетот се крева кон горе, до срцето или врвот на главата. Така и мажот може да доживее повеќекратни оргазми без ејакулација.
3. Пред почнување на сексуалниот однос партнерите треба да бидат во состојба на љубов, разбирање и близина, ослободени од било какво чувство на срам. За тоа служи техниката на зближување како што се заедничко слушање музика, разговор, галење, заедничка купка или взаемна масажа како вовед во секс.
Нешто поинаква е тактиката на гледање во очите на партнерот. Партнерите седнуваат со прекрстени нозе еден наспроти друг и десетина минути во тишина се гледаат во очи, со што помалку трепкање. Отпрвин може да ви се чини чудно, но гледањето еден во друг е најубав начин да постигнете длабока блискост.