3 машки „маани“ кои им се допаѓаат на жените

Машкиот шарм е нешто што е мошне тешко да се опише со зборови, но многу пати токму овие ситници ги прават мажите неодоливо привлечни. Иако секоја жена има различен вкус за карактеристиките кои ги бара кај нејзиниот партнер, сепак, во неколку работи се согласуваат повеќето, а тоа е фактот дека овие „маани“, жените едноставно ги обожаваат:

1. Малку „стомаче“

Да, навистина изгледа секси кога партнерот има извајани стомачни мускули, но сепак, повеќето жени се согласуваат и дека и природниот стомак, кој не е воопшто навежбан но сепак изгледа солидно, изгледа еднакво, па дури и попривлечно.

stubble

2. Касни со бричење

Младата брада стара неколку денови е вистински мамец за припадничките на понежниот пол. Не станува збор за некаков мачо изглед на кој паѓаат жените, туку за лежерното издание и „бунтовничкиот“ став кој едноставно вришти од сексипил.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

3. Знаци на стареење

Анкетата исто така потврдила дека седата коса кај некои мажи изгледа неодоливо за нивните партнерки. Иако денес бројот на мажи кои посегнуваат по фарба за коса се се почести, сепак, имајте во предвид дека жените го преферираат вашиот природен изглед. Кога станува збор пак за мажите кои имаат проблем со ќелавоста, шишањето на милиметар или нула не ретко знае да изгледа неодоливо.

- Реклама -