Цврстиот и тенок струк е една од главните карактеристики за згодно тело, а во продолжение ви прикажуваме три вежби за мажи и жени, кои ќе ви помогнат да ја остварите оваа цел. Првите две се прават без никакви реквизити, додека за третата е потребен ролер.
Склек со допирање на лактот
Застанете во почетна положба за правење склекови и со коленото од десната нога допрете го десниот лакт. Повторувајте го ова неколку пати наизменично на левата и десната страна.
Цврстина
Потпрете се на лактите, телото поставете го во рамна положба и држете го така 60 секунди. Направете ја оваа вежба во три серии.
Ролер
Почетната положба е на колена, а ролерот е во рацете. Заролајте нанапред и стомакот спуштете го што пониско, но така што нема да го допрете подот.