3 бои на кармини кои треба да ги поседува секоја жена

Тешко е да се одолее на трендовите во козметичката индустрија. Но, иако е забавно да се испробаат нови бои на кармини на усните, сепак, постојат три класични нијанси кои одлично и прилегаат на речиси секоја жена.

1. Кремаста „nude“ нијанса

20130306-142139

Голата, или позната и како „беж“ боја на усните со кремаста текстура, е одлична пријателка на секоја жена. Оваа нијанса на кармин е одличен избор доколку сакате при шминкањето да ги насласите очите со туш, маскара и заводлива сенка за да би го креирале фамозниот „smokey eyes“ ефект.

2. Мат црвена боја

60984652-guliverthinkstock-ruz-lice-make-up-sminka

Make Up експертите се согласуваат во една работа – при шминкањето на лицето најдобро е да се нагласи само еден дел. Доколку сакате тоа да бидат вашите усни, силната мат црвена боја е најдобриот избор. Оваа декоративна класика прилега одлично и на русокосите, и на бринетите, и на девојките со црвена коса, а одлично изгледа и при дневните и при ноќните пригоди.

3. Glossy розева

soft-glossy-lips

Доколку сте од оние девојки кои го преферираат природниот изглед, пронајдете ја онаа нежна розово-црвеникава нијанса, која потсетува на овошните бои како бобинка, вишна или јагода. Овие нијанси најдобро изгледаат на дневна светлина, вклучувајќи го и работното место.

- Реклама -