3.000 денари бонус на плата за сите вработени на „Макстил“ кои се вакцинирале

Бонусот на плата во износ од 3.000 денари ги натера вработените побрзо да се решат да примат вакцина, велат од компанијата Макстил АД.

Компанијата веќе втор месец исплаќа ваков додаток на сите работници кои ќе приложат документ дека се вакцинирани

„Нашата цел беше да се наградат вработените кои се грижат за себе, за колегите, за здравјето на своето семејство, за компанијата, но и да биде мотив плус за оние што се двоумат’’, изјави за „Локално“ генералниот директор Иван Бановски. Реакциите , како што вели, биле позитивни, особено од оние кои немаат сомнеж во потребата од имунизација, но нагласува дека чекорот не треба да се разбере како притисок врз сите кои размислуваат поинаку, туку само како начин за дополнителен поттик.

Според Бановски, од почетокот на имунизацијата па до сега, вакцинирани се околу 40% од вработените, што е причина, како што вели, сите во компанијата да се чувствуваат посмирени.

„Макстил“ е првата компанија во државава која се одлучи на ваков потег, но се надеваат дека ќе бидат пример и за другите. Целиот разговор ТУКА.

 

- Реклама -