„Воинот на коњ“ на плоштадот „Македонија“, вчера, согласно Преспанскиот договор, доби табла на која се „дообјаснува“ дека Александар Велики е дел од античката Хеленска историја. Меѓутоа, таблата не потраја.
Откако непознат/и сторител/и ја искршил/е таблата, објави „Нетпрес“, денеска „Воинот на коњ“ повторно осамна без објаснувањето дека се однесува на „Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ“, како што пишува на таблата на македонски, албански и англиски.
Демолирањето на таблата е уште еден израз на незадоволството кај дел од граѓаните кон обврските што Македонија ги презема со Преспанскиот договор, иако од неговото потпишување помина повеќе од една година.