Решенија за темните кругови околу очите и ситните бори

Поетски кажано, очите се прозорец на душата. За жал, првите знаци на умор и стареење се појавуваат токму на чувствителниот предел околу очите, или, на „рамките“ од прозорците на душата.

Темните кругови околу очите ги предизвикува природната пигментација на кожата, но и проширените капилари. Вреќичките под очите и потечените очни капаци се резултат на насобраната течност во поткожното ткиво поради слаба микроциркулација.

Ситните бори во аглите на очите настануваат поради намалена густина на кожата, додека опуштените капаци ги предизвикува губитокот на еластични влакна на површинскиот слој на кожата.

За нега на очите и пределот околу очите користете козметички производи на база на екстракт од морски алги, кои делуваат на сите знаци на умор во пределот околу очите.

Исто така, во локалната парфимерија побарајте тониран крем со метален апликатор за моментно осветлување на темните кругови и рамнење на ситните линии околу очите. Препорачливо е овој крем неколку пати во текот на денот нежно да се нанесува околу очите.

Најпознатите домашни рецепти за овие проблеми се круговите краставица, чај од камилица и маска од зелена глина.

- Реклама -