Home УмниБус Дизајн Bicymple – поедноставен велосипед (видео)

Bicymple – поедноставен велосипед (видео)

0

Велосипедот веќе е доста едноставно транспортно средство. Две тркала, рамка, седиште, педали и ланец. Но што се случува ако целосно го отстраните ланецот? Тогаш го добивате Bicymple – велосипед кој е уште поедноставен.

Прашање е зошто би сакале да направите велосипед без ланец? Покрај очигледниот одговор – „Зошто да не?“ – авторот на Bicymple објаснува: „Со отстранувањето на ланецот значително се намалува бројот на подвижни делови и целата комплексност на дизајнот. Директниот погон преку оската на задното тркало дополнително го скусува дизајнот.“

{youtube}JXmBrD4b4EI{/youtube}

„Покрај тоа што е стилски концепт за велосипед Bicymple е удобен, лесен за возење, и неверојатно едноставен за одржување. Лесниот дизајн и кусото меѓуосовинско растојание овозможуваат лесно управување. Опцијата за управување со задното тркало дополнително ја зголемува подвижноста на велосипедот и дури и странично движење.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here