Од нашиве си патиме…

Новинарот Ивор Мицковски, дежурен критичар на состојбите во општеството, во неколку реченици го опиша сидрото што нè влече назад сиве овие години. Се работи за една иста шема на однесување која упорно се повторува независно од тоа кој е на власт, а кој опозиција.

Што е најинтересно, Мицковски не раскажува некоја своја приказна, туку само ги цитира или парафразира политичките пораки што странците, власта и опозицијата си ги разменија во изминативе денови. Вака едноставно претставено, паѓаат во вода сите тези дека странците ни се криви. Мицковски пишува:

„Рикер: Времето за политички игри заврши.
СДСМ: Слушате ВМРО, крај на игрите.
Палмер: Доста со политизирање на партиите, време е за државништво.
Заев: Ајде Мицко да ставиме крај на заробената држава.
Мицкоски: Доаѓа голема победа на следните избори…“

Овие ништо не разбираат!, констатира на крајот Мицковски.

- Реклама -