Грда слика на Мечкин Камен: Граѓаните заминаа, ѓубрето го оставија (ГАЛЕРИЈА)

Граѓаните денеска како и секоја година во голем број се собраа во Крушево на Мечкин Камен за да го прослават големиот народен празник Илинден и да им оддадат почит на сите оние што во Илинденското востание и НОБ ги дадоа своите животи за денеска ние да можеме да живееме во слободна и независна држава.

Централната церемонија заврши, граѓаните заминаа, но зад себе оставија трага. Во форма на ѓубре, за жал. Меѓу купиштата пластичен отпад од кеси и шишиња, можеа да се видат и знаменца.

Граѓанинот кој ги сними овие поразителни фотографии, упати своја, малку поинаква од официјалните, порака од Мечкин Камен:

- Реклама -