Хомер зборувал јазик сличен на денешниот Македонски?

СПОДЕЛЕТЕ

Пребарувајќи по интернет наидовме на една многу интересна табела која навистина отвора многу сомнежи дали антиочкиот Грчи поет Хомер зборувал на јазик сличен на денешниот Македонски. Оваа табела открива многу сличности со зборовите на хомер кои се запишани со тоа денес како зборуваат Македонците. Во продолжение на овој текст ви објавуваме табела со компарации на повеќе јазици, модерен англиски, грчки, македонски и како зборувал хомер.

Хомер е легендарен (или можеби митски) ран грчки поет и рапсодист традиционално славен како автор на големите грчки епови Илијада и Одисеја, комичниот мини-еп „Батрахомиомахија“ (“Војната на Жабецот и Глушецот”), корпусот Хомерови химни, и различни други изгубени или нецелосни дела како „Маргитес“. Неколку антички автори нему му го припишуваат целиот епски циклус, кој вклучува и натамошни поеми за Тројанската војна како и поемите за Едип и неговите синови.

Според традицијата, Хомер е слеп, и различни јонски градови се сметаат за негово родно место, но инаку неговата биографија е празна. Не се знае точно кога живеел. Херодот проценил дека Хомер живеел 400 години пред него, со што времето на Хомер го сместува околу 850 п.н.е.; додека други древни извори велат дека живеел во времето на Тројанската војна, на почеток на 12 век п.н.е.

Денес во науката „времето на Хомер“ или „Хомерово доба“ се нарекува периодот во кој се создадени еповите. Прифатено е дека „Илијада“ и „Одисеја“ се создадени околу 8 век п.н.е., односно „Одисеја“ неколку децении подоцна. Постојано се води дебата околу тоа дали истиот поет е автор и на „Илијада“ и „Одисеја“; а за останатите дела мнозинството се согласува дека се напишани подоцна

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ