Када дан требит?

Половна када да не му треба на некој? Зашто во Охридско има (минимум) една вишок. „Некој си го реновирал клозетот“, па ја фрлил, пишуваат од Нуркачкиот центар „Акватек“ од Охрид на својот Фејсбук профил.

Кадата е најдена помеѓу Срјшче и Мостот на Желбите, 100 метри од брегот, на длабочина од 5 метри.

Ако не ви се допаѓа моделот, не очајувајте. Наскоро може ќе се најде и друга. Предноста на оваа, додуша, како што можете да видите, е што иде комплет сосе маска.

Фотки: Никола Паскали

- Реклама -