Податоците од сметките кои нема да ви ги читаат скенерите, рачно ќе ви ги внесуваат службениците на УЈП

Три од шест сметки, толку успеала да искенира, вели соговорничка на „Слободен печат“. Не успеала да ја скенира поголемата сметка од маркет, се жали друга.

Во одговор до весникот, од УЈП уверуваат дека правото на поврат на ДДВ од секоја фискална сметка нема да им биде ускратено на граѓаните.

Оттаму потсетуваат дека може да се работи и за неисправен смартфон, но и потврдуваат дека се можни проблеми кога баркодот од фискалната е оштетен или не е добро испринтан, било поради неисправност на фискалниот апарат или недополнет тонер.

Доколку се најдете во таква ситуација, УЈП ве кани во една од огранизациските единици на Управата ја јавни приходи, вкупно 36, каде што ќе можете, со помош на службениците на УЈП, да ги искенирате проблематичните фискални сметки на киоск-апаратите или баркод-скенерите со способност да читаат и делумно оштетени сметки. Без поврат на ДДВ нема да останете ниту ако ни тоа не успее. Како што соопштува портпаролката на УЈП – Богданка Кузеска, кога сметката нема да може да биде скенирана, податоците службено ќе бидат внесувани од службениците на УЈП.

Од друга страна, како што пишува „Слободен печат“, не треба да бидете изненадени ако на некои сметки начекате ДДВ од 0 денари, ниту пак ако не можете да ги скенирате сметките од повеќето такси компании. Детали прочитајте на следниов ЛИНК.

- Реклама -