Со пренос во живо преку својот Фејсбук профил, скопскиот градоначалник Петре Шилегов вчера покажа како се воведува „малку ред“ на градските улици. Тој за момент ја напушти улогата на градоначалник и влезе во улогата на сообраќаец, растерувајќи ги непрописно паркираните таксисти на улицата Љубљанска.
Се покажа дека оваа улога одлично му оди. Иако Шилегов немаше ниту униформа, ниту било каква сигнализација, таксистите брзо се разбегаа. Прекорниот поглед и одлучноста во градоначалничкиот чекор беа доволни за сите нepaнимајковци на улицата брзо да сфатат дека he is not to be fuсkеd with… Дури и снимателот и придружник на Шилегов не можеше а да не коментира со восхит: „Види го, избега кoпилeтo“.
Имаме само една замерка, што во позадина на видеото не одеше темата од The Good, The Bad and The Ugly.