Баба Валентина сè уште живее во Чернобил и има важна порака до човештвото (ВИДЕО)

За некого Чернобил е одлична мини-серија на HBO, за некого е една од најголемите грешки на човештвото, за некого е контаминирана зона во која не би сакал да стапне, а за бабичката Валентина, која работела како медицинска сестра во Припјат во време на хаваријата, сè уште е дом.

Валентина живее во селото и родната куќа на нејзиниот сопруг, во која живееле и откако се земале. Во Припјат се доселиле кога бил основан, во име на подобра иднина за децата. Нејзиниот сопруг, како вработен во електраната, добил стан во градот (по хаваријата бил ангажиран и како  ликвидатор – како што се нарекуваат луѓето кои работеле на ограничување на последиците). Живееле таму сите 15 години, колку што постоел градот, сè до екcплозијата во Чернобил, раскажува таа во мини-интервју објавено на YouTube каналот Chernobyl TV пред две години, а кое во последно време одеднаш стана актуелно, впрочем како и сè друго во врска со Чернобил, благодарение на ултра-популарната мини-серија на HBO.

Во интервјуто бабата низ солзи се присетува што се случувало ноќта на 26 април 1986-та, кога се случила екcплозијата на јадрото во реакторот број 4. Нејзин колега дошол да ја земе од дома некаде околу 1:35 часот (11 минути по екcплозијата), со зборовите дека итно мораат да одат во бoлницата.

„Работевме цела ноќ. Се вратив дома дури утрото. Целата облека и косата ми беа контаминирани. Додека се миев размислував како да ги спасам своите деца, па одлучив да ги пратам во Белорусија со ‘ракета’ (брз речен брод). Бродот беше преполн со луѓе, мојата мала ќерка за малку ќе зaгинeше“, раскажува Валентина.

Таа тврди дека и лично го посетила екcплодираниот реактор. Додека ноќта работела во бoлницaта, ѝ се јавила нејзина колешка чиј сопруг бил системски инженер во Чернобил, за да ја праша дали и тој е меѓу донесените повpeдени, што не било случај. „Беше многу загрижена и побара од мене да одиме на местото на нecpeќата за да го побараме. Јас прифатив. Сигурна сум дека и таа ќе го направеше истото за мене“, вели Валентина. Се качиле по скалите на третиот кат, но залудно – било многу тивко и немало никој освен нив. Се задржале таму околу пет минути, сè додека не ги сретнал докторот вработен во електраната: „Знаете ли колкава е радијацијата овде? Не смееме да бидеме тука“, им рекол тој и ги упатил назад кон бoлницата. Подоцна се покажало дека сопругот на нејзината пријателка зaгинaл во екcплозијата, како последица од пoвpeди и хемиски изгopeници.

Сопругот на Валентина, меѓутоа, преживеал. Живееле цели 40 години во брак, сè до неговата cмpт. „Еве, и јас преживеав“, вели бабата, која живее сама во селото во Забранетата зона, каде времето го поминува одгледувајќи животни и растенија за прехрана.

Навраќајќи се на хаваријата во Чернобил, низ солзи упатува апел до човештвото: „Што да речам? Ова се тешки и тажни спомени… На луѓето ширум планетата сакам да им порачам: Ценете го животот и тоа што го имате. Земјата ни е подарена – па затоа да ја чуваме безбедна. Таа е цвет во Универзумот, а ние сме гости овде. Посакувам сите да живееме во мир, хармонија и благосостојба. Имаме доволно да бидеме среќни…“.

- Реклама -