Како што објави унгарскиот портал 444.hu, денеска Никола Груевски случајно се нашол во близина на редакцијата на порталот. Новинарите тргнале по него и го следеле до стан во соседниот влез, чекајќи го на излегување да му постават прашања.
Како што се гледа од снимката, Груевски одбил да одговори. „Извинете, не би сакал денес да дадам било каква изјава. Можеби во некоја друга прилика“, рекол Груевски. Новинарот продолжил со прашања, но Груевски само го повторувал одговорот, по што заминал во џип Hyundai Kona со затемнети стакла, кој го чекал пред влезот.