Јавен апел од брат му на „Ел Чека“ до Спасовски: Ако можеше Заев, зошто да не може брат ми?

На порталот „Лајм“ денеска е објавен јавен повик од човек што се претставува како брат на објавувачот на „бомбите“ за ДУИ, до министерот за внатрешни работи – Оливер Спасовски. Повикот се однесува на најавената кpивична пријава што МВР ја најави за „Ел Чека“ (на сликата). Гласи вака:

„Здраво, јас сум братот на Ел Чека. Сакам јавно да му порачам на Спасовски дека ист таков налог за апceње, каков што е издаден за брат ми, треба да издаде и за неговиот лидер Зоран Заев. Мислам дека зборуваме за истото дело – истото она што јавно го правеше Заев, буквално истото тоа сега го прави брат ми Ел Чека“, вели тој во повикот, веројатно алудирајќи на самото објавување на снимките, што е забрането со закон.

„Зaконот треба да вaжи подeднaкво за секого, без оглед кој на која позиција се наоѓа“, порачува братот на Ел Чека, како што се претставува.

Во меѓувреме, во еден од постовите се обрати и Ел Чека, директно до Заев:

„Што се однесува до обвиненијата што се покренаа против мене поради објавувањето на неколку прислушувања на твоите владини колеги, подготвен да се вратам во државата што вие ја украдовте од нас и да излезам пред правдата, но под еден услов:

Ако и двајцата седнеме пред судот, бидејќи и двајцата сме го сториле истиот кpиминал – ти пред неколку години, а јас сега!
Ако сакаш да играме, тогаш ајде да играме, бидејќи мојот тренер има тактика што не знае за пораз! Со почит, Ел Чека“, пишува објавувачот на разговорите.

- Реклама -