Заменик-министерот за култура со возило yдpил мотоциклист кај Градска болница

Фото: МКД.мк

Денеска попладне, кај Градската болница „Наум Охридски“ во Скопје, дошло до судар меѓу возилото кое го управувал заменик-министерот за култура – Владимир Лазовски, и мотоциклист.

Мотоциклистот веднаш бил однесен во Градската болница, а како што соопшти Лазовски на Фејсбук, тој цело време бил со него. Вели дека мотоциклистот не е повpeден, добро се чувствува и е пуштен од болница. Лазовски изразува и подготвеност да сноси одговорност, доколку се утврди дека е негова вина.

Како што објави претходно „Нетпрес“ од свои неофицијални извори, „Пежо“-то со кое управувал Лазовски е службено и му припаѓа на Министерството за култура. Според порталот, до нecpeќата дошло откако возачот (во случајов Лазовски) се обидел да сврти полукружно пресекувајќи две полни линии. Засега нема официјална потврда на таквите информации.

Фото: Нетпрес

 

- Реклама -