Нови прислушувани разговори на друштвените мрежи, овојпат за ДУИ: „Ова е само почеток“

Продолжува трендот на објавување на инкpиминирачки разговори во кои актери се високи личности од политичката сцена, иако објавувањето на вакви материјали со закон е забрането уште од 2015-та.

Овојпат не се работи за анонимен профил од калибарот на „Илија Громовник“ или таксистот на Павле Богоевски, туку за јавен Фејсбук профил именуван како „Ел Чека“ (El Cheka), за кого „Телма“ пишува дека му припаѓа на еден од ocyдените за Диво Насеље. Од ДУИ неофицијално коментираат дека зад профилот се крие извесен Ш.А., и дека локацијата (Чикаго) на објавување е точна, пренесува „Плусинфо“.

На профилот од вчера се објавени најмалку шест снимки од прислушувани телефонски разговори (објавени се повеќе, но дел се повторуваат), од кои сите се на албански јазик, освен една, во која разговорот е меѓу Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков, а тема е ексминистерот за правда – Блерим Беџети. Во останатите учествуваат/се споменуваат Али Ахмети, Муса Џафери, Бекир Асани…

 

Како што пишува Ел Чека во описот, ова се само дел од „бомбите“, а му биле пратени од Сами Укшини, Вал Зека и Шек Халаќи. Тој најавува дека ова е само почетокот на објавувањето на прислушувани разговори во кои инволвирани се Али Ахмети, Муса Џафери, Шефик Исмаили (наводно шоферот на Али Ахмети) и други, а се во посед на „кумановската група“ и можат да се најдат во македонските затвopи. Ел Чека вели дека бараат меѓународна истрага за случајот со Диво Насеље и „мамката“ поставена од лидерот на ДУИ и неговите структури, во соработка со вмровците на Груевски.

- Реклама -