Павле Богоевски поднесе оставка, но не без да гласа за одземање на мандатот на Груевски (ВИДЕО)

Фото: Драган Митрески

„Почитувана јавност, гласот за одземање на мандатот на Груевски ќе биде мојот последен глас во ова Собрание. Оваа одлука ја донесов кога се пријавував во полиција. Не би сакал мојата пратеничка функција да влијае на правосудните органи кои ќе го истражуваат овој случај“, соопшти претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања на денешната седница свикана токму од него, а на која ќе се разгледува пратеничкиот мандат на експремиерот во азил, Никола Груевски.

На седницата, опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараше прва точка на дневен ред да биде токму случајот со Богоевски и инкриминирачката снимка објавена неодамна на руската друштвена мрежа „Вконтакте“. Во изминатиот период, опозицијата инсистираше Богоевски да понесе одговорност и да си даде оставка. Сега кога тој тоа го направи, останува да се види дали пратениците од опозицијата ќе ги следат неговите стапки и ќе гласаат за одземање на мандатот на Никола Груевски.

„Колеги пратеници, останете верни на принципите. Знам дека политиката е валкана игра“, им  порача Богоевски на своите колеги од Собранието.

По соопштувањето на оставката, седницата на Комисијата е прекината.

Со Комисијата во иднина ќе претседава досегашната заменичка – Снежана Калевска Ванчева.

Обраќањето на Богоевски можете да го погледнете од 9:30 во видеото:

- Реклама -