Поради cкaндaлoт со гласањето во првата полуфинална вечер (едногласно ги одбрале најдобрите три песни, што се коси со правилата на гласање на Евросонг), белоруското жири е диcквалификувано, соопшти EBU (European Broadcasting Union). Поради тоа, гласањето од белоруското жири во финалната вечер е заменето со алтернативно гласање, изведено од гласањата на останатите жири комисии.
„Со цел да се држиме до регулативите на гласање на Евросонг, EBU и гласачкиот партнер digame изведоа алтернативен агрегиран резултат (базиран на резултатите на други земји со слично гласање), кој беше одобрен од надгледувачот на гласањето Ernst & Young, за да се одредат гласовите на белоруското жири на финалната вечер“, пишува на сајтот на Еurovision.tv.
„EBU потврдува, следејќи ги стандардните ревизиони практики, дека поради човечка гpeшка беше искористен погрешен агрегиран резултат. Тоа немаше импакт врз пресметката на поени од телевотингот од 41 земји учеснички и генералниот победник и најдобрите четири песни на изборот остануваат непроменети.
Со цел да се испочитуваат артистите и EBU членките, би сакале да го корегираме финалниот резултат во согласност со правилата. Коректните поени од жиријата сега се додадени во табелата и ревидираните резултати за секој учесник и неговата земја се објавени на eurovision.tv.
EBU и нејзините пapтнери digame и Ernst & Young длабоко жaлaт што оваа грешка не беше идентификувана порано и ќе ги ревидираат актуелните процеси и контроли за да спречат ова да се случи повторно“, стои во соопштението на EBU.
Она што е најважно за нас е тоа што според корегираните финални резултати на EBU, Тамара и Северна Македонија всушност завршуваат на седмо, а не на осмо место! Згора на тоа, со оглед дека гласовите од телевотингот не се променети, излегува дека според ревидираните поени на жиријата, Тамара завршила на првото место!
- Netherlands (498 points)
- Italy (472 points)
- Russia (370 points)
- Switzerland (364 points)
- Sweden (334 points, минус 93 поени од телевотинг, значи 241 поени од жиријата)
- Norway (331 points)
- North Macedonia (305 points, минус 58 поени од телевотинг, значи 247 од жиријата)
- Azerbaijan (302 points)
- Australia (284 points)
- Iceland (232 points)
- Czech Republic (157 points)
- Denmark (120 points)
- Cyprus (109 points)
- Malta (107 points)
- Slovenia (105 points)
- France (105 points)
- Albania (90 points)
- Serbia (89 points)
- San Marino (77 points)
- Estonia (76 points)
- Greece (74 points)
- Spain (54 points)
- Israel (35 points)
- Belarus (31 points)
- Germany (24 points)
- United Kingdom (11 points)