Дотепyвањето на Шарената греволуција

Пишува Здравко Савески, за „Независен“

Како малку да беше извалкана Шарената т.н. револуција, ете и конечно ја дотолчија, ја докрајчија, jа дотепаа!

Пред еден месец прво бевме сведоци на шарадата кога учесници во протестите од 2016 година, а експлицитни поддржувачи на СДСМ, преку иницијативата „На мeгдан“, се активираа да му дадат ветер в грб на Стево Пендаровски, по неговиот лош резултат во првиот круг од претседателските избори. Не биле партиски одработувачи, едноставно сакале, онака неутрално, да ги слушнат ставовите на двајцата претседателски кандидати. Толку беа очајни во глумата (иако една од иницијаторите работи во театар) што и политички најнеписмениот граѓанин во земјата сфати дека одработуваат за СДСМ.

Ако тоа беше „само“ трагикомично, случајот со Павле Богоевски е едноставно врв и краен акт на газење на принципите на Шарената! Од страна на еден од нејзините најистакнати претставници. Одговорност од носителите на јавни функции. Тоа Богоевски постојано го бараше од улиците. А сега, кога тој треба преку личен пример да докаже дека тоа за него не било само празна реторика за напад на политичкиот противник, туку принцип во кој верува – функционерот не ја дава фотелјата, оставката треба да му биде изнудена. Исто како во случаите на Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески. Во кое друштво попадна, бре Богоевски? Колумната продолжува на следниов ЛИНК.

- Реклама -