„Оправдувањето“ на пратеникот Павле Богоевски околу објавената снимка од негов телефонски разговор во кој нарачува некаква cyпстанца, не е доволно за актерот Драган Спасов – Дац, кој со подарената метла симболично го обврза премиерот Зоран Заев да ја спроведе најавената „чистка“ во Владата.
Во описот на снимката пишува дека Богоевски нарачувал кoкaин, но денеска тој го демантираше таквото тврдење преку објава на својот Фејсбук профил. Тој објасни дека всушност се работи за масло од кaнaбиc, кое го набавувал за лечење на негова блиска личност.
Сепак, пратеникот не негира дека набавувал забpaнета cyпcтанца, поради што добар дел од јавноста смета дека очигледниот логичен следен чекор, во најмала рака, е негова оставка. Во оваа група, очигледно спаѓа и Драган Спасов – Дац.