Кристина Агилера повторно нѐ шокира со својата смелост

По подолга пауза, Кристина Агилера се врати на музичката пауза, во свој стил – провокативно до крајни граници, смело и на моменти бесрамно.

Уште откако се појави првиот сингл од новиот албум, насловен Your Body, стана очигледно дека Кристина Агилера нема да се откаже од она што ја прави уникатна – способноста да остане бескрајно своја. Поп пејачката чие тело сега е забележително пополно, позаоблиено и уште посекси од она што беше, се реши да направи уште една дополнителна провокација со насловната слика од албумот.

Албумот што се вика „Лотус“ на насловната фотографија ја има Кристина Агилера гола, а градите ѝ се покриени единствено од долгата коса. Се чини дека алузијата на лотусовата преродба се однесува на претерано „валканата“ Xstina, поглавје од животот од кое „новата“ Кристина полека сака да се оддалечи.

- Реклама -