Честитка и од Амбасадата на САД, потврдуваат дека изборите биле слободни и демократски

Американската амбасада им честита на граѓаните на Северна Македонија кои го искористија своето право да гласаат на претседателските избори во 2019-та година.

„Му ја честитаме победата на Стево Пендаровски и со ентузијазам ја очекуваме идната соработка со него, Владата и сите политички партии, во насока на иднината на Северна Македонија во НАТО и ЕУ“, стои во соопштението.

Од Амбасадата ја поздравуваат прелиминарната оценка на ОБСЕ/ОДИХР – дека изборите биле компетитивни и дека почитувањето на фундаменталните слободи придонело до демократски процес.

„Овие оценки се конзистентни со оние на тимовите на Американската амбасада кои ги набљудуваа првиот и вториот круг на изборите“, велат од Амбасадата.

Оттаму, сепак, ги повикуваат сите што имаат било какви забелешки за изборни нерегуларности – граѓаните, граѓанското општество и медумите – без разлика на политичката наклонетост или припадност, да ги пријават до надлежните органи.

- Реклама -